Ревија на руски воени филмови во Кинотека

Со проекцијата на француско-руската копродукција „Нормандија – Неман“, синоќа во Кинотека на Македонија зпочна ревијата на руски воени филмови. Секој ден  до 12 мај во 20 часот, ќе се прикажуваат значајни и квалитетни филмови од почетокот на руската кинематографија, а кои не се многу експлоатирани досега.

Манифестацијата претставува соработката со Руската амбасада и Рускиот културен центар во Софија.

На програмата се филмовите  „Таткото на војникот“ во режија на Резо Чкеидзе, „Ние сме од иднината“ во режија на Андреј Малјуков, „Ние сме од иднината 2“ во режија на Александар Самохвалов и Борис Ростов  и „Белиот Тигар“ во режија на Карен Шахназаров.