Ревија на кратки филмови на Ѓорче Ставрески во Котур

Ревија на краткометражни филмови на Ѓорче Ставрески е најавена во Котур, во четврто, во 20 часот. Притоа ќе бидат прикажани филмовите Материјал за аудиција, На изгрејсонце и Скопски љубовџии.

1.Материјал за аудиција (Audition Material), 2013 година, 14′.

Газдарица го замолува својот потстанар со кола да ги пренесе нејзината млада пријателка и ќерката до некое место. Не претпоставувајќи, потстанарот е вовлечен во еден етички проблематичен чин и дознава дека всушност младата жена си ја остава ќерката на посвојување.

2.На изгрејсонце (At daybreak), 2009 година, 15′.

Едно утро, домарот на планинарскиот дом наоѓа исплашена млада жена како се крие во кујната. Кратко потоа средовечен маж ( нејзин љубовник) влегува во планинарскиот дом, барајќи ја, тврдејќи дека таа е негова ќерка, домарот решава дека треба да ја заштити и лаже дека не видел никого.

3. Скопски љубовџии (Skopje lovers) дел од омнибусот “Скопје ремикс”, 2012 година, 10’58”,

Бездомник трага по храна во подрумот. На негово големо изненадување пронаоѓа гол и врзан млад човек како лежи на подот. Сфаќајќи дека не постои никаква опасност, тој со него започнува разговор- монолог во кој голиот човек само потврдува или негира со движење на главата. Се добива впечаток за двајцата: гол љубовник на мажена жена чиј сопруг ги фатил и го врзал во подрумот, и поранешен зависник од дрога, бездомник кој сонува да ја види својата ќерка.