Ревија на етнолошки документарни филмови во Музеј на Македонија

Утре (3 октомври) во 10.30 часот, во Музејот на Македонија ќе се одржи „Ревија на етнолошки документарни филмови“.

Овој настан традиционално се организира во рамките на манифестацијата „Европски денови на културното наследство. Годинава на ревијата ќе бидат прикажани два европски филмови и еден африкански филм:

  1. ОНИЕ КОИ ОСТАНАА

Режија: Аријана Наци, Италија / Велика Британија, 2017, 19 мин.

  1. ТРИ ДЕНА СЛОБОДА: ЖЕНСКА ПРОСЛАВА НА АШЕНДА ВО МЕКЕЛ ТИГРАЈ, СЕВЕРНА ЕТИОПИЈА

Режија: Тера Мијаланд и Теводрос Хајдемикаел, Етиопија, 2018, 47 мин.

  1. НЕОБИЧНИ ЛУЃЕ

Режија: Орхан Текоглу, Турција, 2016, 44 мин.

Организаторите посочуваат дека особено впечатлив е филмот насловен „Три дена слобода: Женска прослава на Ашенда во Мекел Тиграј, Северна Етиопија“, во кој се документирани напорите за сочувување на дел од нематеријалното наследство на оваа земја. Ашенда е обред на премин на жените од Етиопија и Еритреја, кој е во процес на постепено исчезнување. Овој документарен филм ја раскажува приказната за еден специфичен обид за заживување на овој обред во главниот град на Тиграј, Мекел. Групи од девојчиња и млади жени доаѓаат од сите делови на регионот за ја слават својата слобода цели три дена.