Ревија кратки филмови на Дума и Ѓоковиќ во „Котур“

Во „Котур“ во петок (18 јануари) од 21 часот ќе има ревија на кратки филмови на македонските режисери Дина Дума и Марко Ѓоковиќ. Исто така, настанот ќе биде надополнет со нивно присуство, па се отвора можност за дискусија и прашања во врска со филмовите, сето тоа надополнето со музичка селекција на Љупа Ангелов.

Информации за филмовите подоле:

„Елена“ 2016, 16′
Дејството на оваа трагикомедија се одвива во домот на Елена,постара жена, која боледува од алцхајмерова болест, која поради болеста мисли дека има дваесет години и се подготвува за средба со нејзиното момче Марко. Давид се соочува со болеста на својата мајка го користи моментот и ја носи во дом за стари лица.
Режија: Дина Дума

„Доаѓаат од центарот на светот“ 2017, 16′
Сонувам за ѕверот што живее на дното на езерото. Само неколкумина го имаат видено. Ако ти е во близина можеш да осетиш затоа што и воздухот замрзнува од што му е ладно срцето. Викаат дека не смееш да го погледнеш во очи затоа што и твоето срце ќе замрзне. Само една жена го има погледнато ѕверот во очи, но нејзиното срце е одамна тажно и замрзнато.
Режија: Дина Дума

„Без љубов“ 2017, 12′
„Без љубов” е приказна за работите кои ги оставаме некажани. Ана и Марта се две најдобри другарки од детството. Одлучуваат дека ќе поминат еден ден заедно во викендичка покрај езерото каде што оделе кога биле деца, еден ден пред свадбата на Ана. По неочекуван „пијан бакнеж” другарките се соочуваат со фактот дека нивното другарство повеќе нема да биде исто.
Режија: Дина Дума.

„Еклер“ 2016 , 30′
Охрид, 4ти мај 1980 година. Марко син на готвачката во Маршаловата вила, конечно добива шанса да ја вкуси забранетата храна, која цел живот се приготвува пред неговите очи.
Режија: Марко Ѓоковиќ