Ретвитни оброк: Зготви и сподели, храната не е луксуз

И оваа сабота иницијативата Ретвитни оброк по 196-ти пат ќе готват за сограѓаните и секој е добредојден да се вклучи.

„Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот на наведената локација (за амбалажи и намирници контактирајте нè во порака или на групата), велат активистите од Ретвитни оброк за акцијата „Зготви и сподели, храната не е лукзус“.

Исто така, секој е добредојден да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Фрешис или во Гласност.