Ретвитни оброк собира 200 оброци оваа сабота за бездомните лица

Во петок, активистите на Ретвитни оброк го одбележуваат 200-тиот пат како готват оброци за луѓето на кои им е потребна храна.

Но, покрај вообичаеното готвење, тие ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата така што во сабота ќе донираат храна со цел симболично да се достигне бројката од 200 оброци.

Делењето на храната ќе биде во сабота (19 јануари) во 13:30 часот пред спомен-куќата Мајка Тереза.