Ретвитни oброк #40 утре зад спомен куќата на Мајка Тереза

Активистите од #Ретвитни оброк апелираат храната која останала во домовите и рестораните за новогодишната ноќ да не се фрла, туку да биде донирана за бездомниците и социјално загрозените. Утре, во 12 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза ќе се одржи 40. издание на #Ретвитни оброк.

#РЕТВИТНИ ОБРОК: НАМЕСТО НА ИНСТАГРАМ, ХРАНАТА ЈА ДЕЛИМЕ СО ОНИЕ ШТО НЕМААТ

„Оваа сабота, прва во 2016 одлучивме да се препуштиме на солидарноста. Свесни сме дека новогодишната трпеза во најголем дел од семејствата во Македонија е предимензионирана. Од друга страна, нашите пријатели со кои се сретнуваме секоја сабота позади куќа на Мајка Тереза, немаат трпеза“, повикуваат активистите.

Тие појаснуваат дека секој може да помогне, така што ќе спакува парче од новогодишната трпеза и ќе го донесе пред зборното место.