[Рецензија] „Нимфоманка“ – не така контроверзен, но хумористичен филм за гледачи со широки видици

Никој досега во историјата на филмот не се занимавал со созревањето на една нимфоманка како Lars von Trier.

[Рецензија] Нимфоманка – не така контроверзен, но хумористичен филм за гледачи со широки видици

Нашите критичари ја немаа таа среќа како американските и британските веднаш да ги погледнат двата дела на најконтроверзниот филм на годината, „Нимфоманка“ на Lars von Trier. Ни го покажаа само „кецот“, кој е нешто подолг од два часа, па за дефинитивната оценка треба да се стрпиме уште две-три недели, пред да ја видиме и „двојката“, но ни тоа нема да биде доволно зашто има и интегрална верзија која трае пет и пол часа.

Маркетиншкото пласирање на филмот секако е досега најголемиот потфат на режисерот: не е баш лесно во текот на целата година да се опсипува интернетот со вести во кои холивудскиот ѕвезди од калибарот на Shia LaBeouf, за волја на данскиот филмаџија се сексаат пред камерите, а притоа да се образложува дека тоа не е баш така.

Данците направија пионерска и несомнено ефикасна работа во скокоткањето на јавноста: благодарение на нивниот труд и умешност, сите знаат за „Нимфоманка“, но дали ќе го гледаат во кината е друго прашање.

[Рецензија] Нимфоманка – не така контроверзен, но хумористичен филм за гледачи со широки видици

Театарски кулиси

Најпрвин, како што веќе прочитавте, филмот не е баш така контроверзен како што се сугерираше. Во првиот дел најмногу се зборува за сексот и неговите екстремни видови, додека одиграните сцени не се многу жешки (можеби и поблаги) од она што вон Триер го покажа во филмовите „Кршење на брановите“, „Идиоти“ и „Антихрист“. Работата започнува помалку театрално, во споредна улица која личи на театарска кулиса (асоцијација на „Догвил“?), каде еден средовечен господин (Stellan Skarsgaard) забележува една претепана жена (Charlotte Gainsbourg), и се обидува да викне брза помош, но таа не сака да оди ниту во болница ниту во полиција, единствено го прифаќа повикот да отиде со него и да испие чај со млеко.

Се испоставува дека двете различни личности не може да се пресретнат, тој е интелектуалец, таа практичарка, но двајцата се разбираат во човековата природа, па нејзината одлука да му ја изложи својата биографија се претвара во прилично интересна авантура, во која таа ја дополнува неговата конструкција, а тој спротивно на сеопштата неукост во врска со хедонизмот во сексот, успева да дознае дека таа сака нешто да прикрие.

Секс како риболов

Вон Триер направи драмски скелет во кој сегашното време на дијалогот помеѓу двајцата протагонисти, се игра во една соба, а флешбековите во кои главната хероина ја раскажува својата биографија се во минатото време, но со постојана промена на ликовите и локациите. Се разбира, флешбековите се главната атракција, затоа што никој во историјата на филмот се нема толку систематски осврнато на созревањето на една нимфоманка, која уште како тинејџерка знаела дека вистинската работа е во еден ден да се менуваат што повеќе партнери и дека главната замка е всушност врзувањето со една личност: “Љубовта е само секс на кој му е додадена љубомора”, објаснува таа.

Uma Thurman – одлична

„Нимфоманка“ е наменета за гледачи со широки погледи, кои ги интересира и сакаат да чујат што имаат да кажат оние кои се жигосани со неморал или перверзија. Доблест на филмот е што тој прилично радикално и самоуверено задира во она „другото“, додека повремените слики на сексот се чинат секундардни во однос на она што е негова вистинска тема.

Како се тоа функционира како уметничко дело? Немам поим, бидејќи не сум ја видел целината. Филмот „Нимфоманка“ за сега не би го споредувал со ниеден од познатите филмови на вон Триер, а помалку ми пречи и фактот што најдобрите сцени и немаат врска со еротика. Во нив одличната Uma Thurman го соочува нејзиниот сопруг (Hugo Speer) со последиците кои ќе ги имаат нивните три деца, доколку тие се разведат.

Кога се работи за актерите, Skarsgaard и Gainsbourg одлично ја одржуваат рамката на приказната, но 22-годишната лондонска манекенка Stacy Martin, која ја игра нимфоманката во младоста е вистинското откритие на филмот – штета што нема да има премногу работа во вториот дел од филмот.

Ненад Полимац

Извор: Јутарњи лист