Ретроспективна изложба на таткото и синот Вељковиќ во МКЦ

Утре (18 март) во галеријата на МКЦ ќе биде отворена ретроспективна изложба, Татко и син Вељковиќ, по velj-1повод 45 години творештво на Мишо Вељковиќ и 15 години творештво на Урош Вељковиќ. Изложбата ќе биде отворена од директорот на МКЦ, Златко Стевковски. Изложбата ќе биде отворена во 20.оо часот и сите љубители на уметноста може да ја погледнат до 3 април.
„Изложбата е интеракција и релација на дела во кои ги гледаме континуитетот и тенденцијата за исказ со приказ на бунтовност кон времето и околностите што им се сервирани на авторите – таткото Мишo и синот Урош“, се вели во најавата на изложбата.