Ретроспективна изложба „Бојата на мојата душа“ од Ангел Петров во Велес

Ретроспективната изложба „Бојата на мојата душа“, посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски сликари, Ангел Петров, на 25 август, понеделник, од 19:30 часот во просториите на Ликовниот салон во Велес.

„Изложбата претставува патување низ неговото богато творештво на 87 неизложувани дела: пејзажи, актови и коњи, што ја отсликуваат длабочината на емоцијата, јазикот на боите и искреноста на уметничкиот израз“, се вели во најавата за настанот.

Како што пишува таму, посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат душата на еден уметник кој целиот свој живот ѝ го посвети на уметноста.

„Ве очекуваме заедно да се потсетиме на неговото безвременско дело и да му оддадеме почит на човекот што ја обои душата на Велес“, стои во поканата.