Ретки и досега необјавени песни на Дејвид Боуви се подготвени за нови ЕР изданија

Слушнете верзија на „Човекот кој го продаде светот“ од 1996 година.

Како одбележување на 73 роденден на Дејвид Боуви, објавени се две нови изданија на кои содржат негови ретки и необјавени траки.

„Is it any wonder“ e онлајн ЕП со ретки и необјавени материјали. Секоја недела ќе биде објавена по една трака, во период од шест недели. Засега е достапна првата трака – верзија на „Човекот кој го продаде светот“ од 1996 година.

Оваа верзија на песната ќе биде достапна и на „ChangesNowBowie“, мини албум од девет песни кои Дејвид Боуви ги снимал за време на неговата проба пред неговиот концерт во Медисон Сквер Гарден.

Оваа, во најголем дел акустична сесија, ја продуцирал Боуви заедно со Ривс Габриел и Марк Плати. Таа премиерно се прикажувала на BBC по повод 50 роденден на Боуви, на 8 јануари 1996 година.