Ретка надреалистична книга со рецепти на Салвадор Дали повторно издадена после 43 години

Објавена само еднаш во 1973 година, Les Diners de Gala била исполнување на сонот на надреалистичниот уметник Салвадор Дали, кој на шестгодишна возраст изјавил дека сака да биде готвач.

Бизарниот готвач има 136 рецепти поделени на 12 поглавја (од кои 10 се посветени на афродизијаци), полни со неговите исклучително чудни илустрации и колажи создадени специјални за тоа издание. Во книгите има и потрети од самиот Дали, како и бизарни рецепти за „јајца стари илјада години“, „говедски котлети полнети со полжави“, „паштета од жаби“ и „карамела со шишарки“.

Дали бил надалеку познати по богатите вечери кои ги приредувал со неговата сопруга Гала, настани кои биле повеќе театрални, отколку гурмански. Од гостите, од кои повеќето биле познати личности, секогаш се барало да носат кретивни и чудни костими, а околу масите често шетале и диви животни.

Само околу 400 копии од Les Diners de Gala се знае дека сѐ уште постојат, а се продаваат по цена од илјадници долари. Сепак, издавачката куќа Taschen повторно ја пушти во продажба книгата после 43 години од оригиналното издание, а веќе е достапна за нарачка.