Ретка аудио снимка од Толкин во која чита дел од романот „Хобит“

Во август 1952 година, кога завршил со пишување на The Lord of the Rings, J.R.R. Tolkien отишол на одмор во Worcestershire, каде останал со својот пријател George Sayer, учител во локалниот колеџ.

Со цел да го забавува својот пријател, една вечер, Sayer му покажал диктафон. Со оглед на тоа дека технологијата во тој период не била секому достапна, на Толкин му било првпат да се сретне со таков предмет. Љубопитен за тоа како работи, тој се пошегувал дека „мора да го извади демонот од него така што ќе го снима својот глас“, читајќи дел од неговата книга. Резултатот му се допаднал, па продолжил да чита од своето дело.

Tolkien бил уверен дека не постои пишување само „за деца“ и дека креативната имагинација има за цел да ја ослободи човечката фантазија на слобода. Тој за неговата најчитана новела „Хобит“ од 1937 година, направил илустрации кои и денеска се обработувани од уметници низ цел свет.

Во оваа ретка аудио снимка, 60-годишниот Толкин чита дел од „Хобит“: