Хотелите и рестораните во Појасот Газа неодамна тргнаа сè од менито, освен солена вода, во солидарност со 1600 палестински затвореници кои во моментов штрајкуваат со глад против условите во израелските затоври.
Персоналот во педесет локали носеле униформи на кои пишува „сол и вода“ и „чест за десерт“, за време на целодневен протест на почетокот на месецов, вели за медиумите Салах Абу Асире, претседател на Палестинскиот комитет за ресторани, хотели и туристички услуги.
На интернет, кампања на социјалните медиуми наречена „предизвик со солена вода“, го привлече вниманието на милиони, откако палестинската поп ѕвезда Мухамед Асаф испи чаша солена вода во Јутјуб видео, повикувајќи илјадници да учествуваат.
Иса Караке, раководител на одделот за затвореници на палестинските безбедносни единици, проценува дека 1600 лица учествуваат во штрајкот кој започна на 17 април – Денот на палестинските затвореници.
„Штрајкот за слобода и достоинство“ се одржува поради многу проблеми – од пристап до телефонски разговори и адвокат, сè до подобра медицинска нега и долгите затворања во самица.
Околу 6500 Палестинци се моментално затворени во израелските затвори, повеќето поради обвиненија за тероризам, иако палестинските лидери и групи за заштита на правата на затворениците тврдат дека повеќето се неправедно осудени или се политички затвореници.
Други 500 се затворени во „административен затвор“, каде осомничените може да бидат задржани и до шест месеци.
Според проценките на палестинските власти, 750000 луѓе од Палестина биле некогаш затворени во изминатите 50 години, од страна на Израел. Седум од 10 семејства имале барем еден член на семејството однесен во израелски затвор.