Ресторан за глувчиња – уметност на тротоар во Шведска

Минијатурна улична уметничка сцена е направена на тротоар во Шведска, како начин да се обезбеди храна за локалната популација на глувци.

Сцената е направена во дното на ѕид од објект во Малме и предизвикува интерес и смеа од минувачите кои имаат доволно добар вид за да ја забележат.

На едната страна е малечка француска продавница со име „Лешници од животот“, комплетирана со излог полн бадеми и ореви кои ги привлекуваат купувачите да влезат внатре. Постерите на надворешниот дел рекламираат настани поврзани со глодари, меѓу нив и хорор филм наречен „Ноќта на Човекот-стаорец“.

#anonymouse_mmx @anonymouse #möllan

A photo posted by AnonyMouse (@anonymouse_mmx) on

minijaturna-umetnost-12

minijaturna-umetnost-9

 

На другата страна, со црвено-бела натстрешница, се наоѓа влезот на ресторанот Ил Тополино, италијанското име за Мики Маус. Оние доволно мали, за да ручаат во него можат да го гледаат светот од масите и столчињата пред ресторанот. На менито има сирење и грицки.

#anonymouse #anonymouse_mmx #Malmö #möllan

A photo posted by AnonyMouse (@anonymouse_mmx) on

#anonymouse #anonymouse_mmx #Malmö

A photo posted by AnonyMouse (@anonymouse_mmx) on


Сцените се дело на уметник наречен Анонимаус, кој ги објавува инсталациите на неговите 5 илјади следбеници на Инстаграм.

Во една од последните објави тој се заблагодарува на луѓето за нивниот интерес и ветува дека ќе следуваат нови уметнички дела.

„Без да ви откриваме премногу, можеме да ви кажеме дека работиме на нова сцена, а во 2017 година ќе видите уште многу други нешта“, пишува на објавата.