Брод полн со свеж звук, пловејќи по новиот бран на македонски бендови стига до вашите уши во „Лабораториум“.
Вака организаторите од „Ре:старт“ го најавуваат годинешниот самостоен фестивал – од млади за млади, кој ќе се одржува на 6 и 7 февруари.
Намерата на фестивалот е да ги прикаже бендовите кои највеќе се истакнаа минатава година.

„’Ре:старт’ повикува 8 млади македонски групи да го покажат својот звук. Овие храбри морепловци можете да ги слушнете на 6 и 7 февруари во ‘Лабораториум’“, стои во најавата.
На музичката агенда за 6 февруари се „Chlen 16“, „Mallard“ „Korka“ и „Golemata voda“, додека ден потоа, на 7 февруари, на бината ќе се качат „Perseida“, „LSD During War“, „Kaliko“ и „Zhivotni“.
Карти се достапни во „Лабораториум“ и „Ре:старт“ дуќанот во ГТЦ.




