RESTART – Да го оживееме спортскиот центар во Тетово

RESTART - Да го оживееме спортскиМладински образовен форум, во вторник(4 март) го организира настанот „RESTART – Да го оживееме спортски“ чија цел е да се прикаже состојбата во која се наоѓа спортскиот центар во Тетово и да се предложат решенија за овој проблем.

Настанот ќе биде отворен со фото-изложба на фотографии преку кои се прикажува состојбата на спортскиот центар. На настанот ќе биде прикажан и краткометражниот филм „RESTART“ во режија на Глигор Кондовски по што ќе следи дискусија со присутните гости која ќе ја водат новинарот Зоран Јовановски од ТВ Менада и поранешната спортистка Светлана Сиљјаноска.

Настанот ќе се одржи во Центарот за балканска соработка ЛОЈА, со почеток во 19 часот.

Локалната акција „RESTART“ се спроведува од страна на членовите на Медиа/арт кубот на МОФ од Тетово.