Реприза на претставата „Време на забава“ во МКЦ

Театарската трупа „Гнев“ ќе ја има првата реприза на претставата „Време на забава“, во режија на Зоја Бузалковска. Репризата ќе се игра во среда (14 октомври), со почеток од 22 часот во МКЦ.

Претставата е работена според четири едночинки на Харолд Пинтер со специјален гостин, во улога на балерина, проф. д-р Мирјана Најчевска. Премиерата се одигра во рамки на 40. издание на Младинскиот отворен театар, од 23 до 28 септември.

Претставата зборува за стравот и потчинетоста, за незаинтересираноста за другиот, за побуната и за очајот и го прикажува театарот како алатка на граѓанскиот активизам.

Билетите за претставата можат да се купат на билетарата во МКЦ, по цена од 200 денари. Бројот е ограничен.