Репортери без граници: Во 2015 година биле убиени 110 новинари

Во текот на 2015 година, во светот биле убиени 110 новинари кои биле на работна задача. Од нив 28 биле жртви на исламистичките терористички организации, вклучувајќи ги Ал каеда и Исламската држава, а 67 лица биле убиени додека известувале, соопшти организацијата Репортери без граници.

Сирија и годинава била најсмртоносно место за новинари, каде биле убиени 13 репортери. По неа се наоѓаат Франција, каде биле убиени деветмина новинари, а по најмалку пет жртви има во Бразил, Бангладеш, Јужен Судан и Јемен .Според извршниот директор на комитетот, Џоел Симон, на најголем ризик се изложени репортерите што известуваат од Сирија и од другите подрачја каде што дејствуваат исламските екстремисти.

Франција за првпат се најде на врвот на оваа листа бидејќи меѓу жртвите на исламските екстремисти се и осум новинари што загинаа во Париз во јануари, во нападот на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.