[Репортажа] Молдавија – држава на изгубената надеж и носталгијата

Дводневна обука за новинарство во Кишинев, Молдавија обедини 25 млади новинари од Југоисточна Европа. Темата на којашто се работеше е како да се побараат податоци, како да се потврдат и како да се искористи интернетот како релевантен начин на нивно претставување. Молдавија е позната по тоа што се соочува со проблеми во образованието, организираниот криминал и пристапот на информации од јавен карактер.

[Репортажа] Молдавија – држава на изгубената надеж и носталгијатаКишинев, главниот град на Молдавија помалку наликува на пуст град. Парковите со високите дрва се празни, а дупките на средe улица се исполнети со водата од дождот карактеристичен за овој период од годината. Ќе речете мирен град каде луѓето водат едноставен живот. Но, Кишинев се соочува со голем број проблеми. Еден млад таксист со којшто успеав да се разберам само на шпански не беше оптимист за состојбата во којашто се наоѓа државата.

[Репортажа] Молдавија – држава на изгубената надеж и носталгијатаТој вели дека луѓето бегаат од овде. Тука нема живот за нив. Затоа тој заминал пред неколку години во Барселона. Таму работел како шминкер, а овде работи како таксист. Но, едно му е чудно, сите се жалат дека немаат пари, но на секоја страна може да се видат нови автомобили како врват низ градoт. Тој додава и дека ја чека првата прилика за повторно да си замине онаму каде што навистина го ценат.

Според Зинаида Адам од УНДП, голем дел од проблемите се резултат на несоодветното образование. Според неа, иако голем дел од буџетот на Молдавија е потрошен во областа на образованието, нема никаков квалитет.

„Имаме еден чуден феномен во образовниот систем што е наречен неформално плаќање, а бидејќи е неформално тоа значи дека нема многу достапни информации и податоци. Неодамна се покажа дека трошоците за некои студии од пред година две се покачиле за дури 20 до 30 отсто од вкупните трошоци во високото образование, а не изостанува и проблемот со плагијаторството“.

Зинаида Адам додава дека неформалното плаќање е товар на родителите. Тие се принудени да даваат пари од кои според неа, еден дел оди на сметката на професорите.

За некои од учесниците на обуките е чудно што многу мал дел од популацијата во Молдавија знаат англиски, посебно на самите аеродроми каде што познавањето на англики јазик е должност.

За Снежана Ѓуриќ, една од српските учеснички на обуките, граѓаните имаат ладен однос, а градбите ја потсетуваат на поранешниот Советски сојуз.

„Со оглед на тоа дека имавме проблеми на аеродромот мојот прв впечаток е дека тие не знаат да зборуваат англиски јазик што е навистина чудно да се наоѓаш во земја во која да зборуваш англиски и воопшто да знаеш англиски јазик ништо не значи“.

emiНо, во Молдавија образовниот систем се соочува и со проблемот што сè помалку деца од предучилишна возраст се запишуваат во основно училиште, така што бројот на ученици во средните училишта е поголем од бројот на ученици во основните што би требало да е обратно.

Молдавија е позната како држава каде што најмногу може да се почувствува распадот на Советскиот сојуз и транзицијата. Кога би се прошетале низ улиците на Кишинев што водат кон центарот ќе видете голем број на институции и згради коишто потсетуваат на комунистичкиот период. Тие се распаднати и заборавени во историјата. Впрочем, Молдавија наликува на држава што сè уште не успеала да се ослободи од историјата, носталгијата и кичот.

Иако преку ден Кишинев не изгледа како една типична европска метропола, навечер градот живнува. Ако денот не оди, барем ноќта да се спаси. Но, во текот на ноќта може да бидете сведок на насилство, проституција или организиран криминал.

На само неколку чекори од еден хотел беше нападнат човек. Рецепционерот на хотелот само засрамувачки се насмеа бидејќи забележа дека и други беа сведоци на инцидентот и без да направи нешто си се врати во хотелот. Приближувајќи се кон центарот на градот речиси на секој семафор се забележуваат питачи. Според таксистот нив ги имало секогаш, но посебно во последните неколку години како резултат на миграциите од Романија и Европа.

Оваа држава е позната и по големиот број на нелегални трансплантации на органи. Според Светската здравствена организација, на секоја шеста минута се врши нелегална трансплантација на органи од кои 40 отсто се жртви малолетниците. Она што дoполнително може да се забележи е поделеноста на населението во однос на јазикот од кои дел се уште зборуваат руски, а останатиот дел молдавски – што потсетува на мешавина од романскиот и рускиот јазик.

Емилија Петреска, студент на Високата школа за новинарство и односи со јавноста