[Репортажа] Колешинските водопади – струмичките нијагари

Селото Колешино се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, близу до градот Струмица. Селото е опкружено од планините Беласица и Огражден. На планината Беласица се наоѓа прекрасниот Колешински водопад.

[Репортажа] Колешинските водопади – струмичките нијагари

Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самоил и византискиот император Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).

[Репортажа] Колешинските водопади – струмичките нијагари

Колешино поседува чудо на природата кое што ретко може да се види на овие простори. Атрактивниот Колешински водопад е лоциран во пазувите на планината Беласица на надморска височина од 610 метри. Неговата висина изнесува 15 метри и тоа го вбројува во еден од највисоките водопади во Македонија.

На некои 300 метра од завршетокот на асфалтот, започнува патеката по која што се стигнува до самите водопади. Како што патот води кон врвот, така воздухот станува се` посвеж, а патеката се` пострмна. Жубуркањето на водата се слуша уште во првите неколку минути. Водопадот се` уште не може да се види, ама неговата свежина го исполнува воздухот уште од самиот почеток.

[Репортажа] Колешинските водопади – струмичките нијагари

На некои 150 метра од Колешинските водопади се поставени повеќе дрвени мостови кои се мошне нестабилни за минување преку нив. Градени во старовремски стил, е постигнато да се сочува специфичноста на оваа место кое е дел од славното македонско минато. Како што се качувате се` погоре на патеката, така камењата по кои се чекори, стануваат се` поголеми и почести.

Стапнувајќи на последниот мост сведоци сте на една величествена глетка која го одзема здивот, раскажувајќи ја непресушната приказна за болното минато на македонскиот народ. Како што се движите се понагоре, шумолењето на водопадот се` посилно се одѕива во вашите уши. Веќе можете да почувствувате како капките кои што ги носи нагибот ве` допираат по непокриените делови од телото.

На неколку метра лево од големиот водопад се наоѓа патеката до помалиот Колешински водопад кој е постуден и побрз од претходниот. Како што се обидувате да стигнете до него, времето наеднаш станува посвежо.

[Репортажа] Колешинските водопади – струмичките нијагари

Ретки се оние кои што можат да одолеат на гламурозната глетка на Колешинските водопади. Луѓето со часови стојат и се џарат во бистрината на водопадот. Струмичани се свесни за реткото богатство од природата кое го поседуваат и прават се` за да го зачуват такво какво што е, славејќи ги нивните мали Нијагарини водопади. Патот назад до село Колешино е макотрпен, ама глетката на падот на Колешинските водопади е едноставно бесценета.

Колешинските водопади не се обично место за разонода. Нивните студени и бистри води се локацијата каде што масовно се склучувале бракови, повеќе од во било која друга туристичка атракција во Македонија.

Данче Азманова