„Репетитор“ ќе одржи концерт во Кочани

Рок-пост-панк триото од Белград, „Репетитор“ на 30 август ќе настапува во клубот „Аква“ во Кочани.

Се работи за еден од најпроминентните млади бендови на Балканот. Со нивните енергични свирки во живо и три албуми добиваат пофални критики и од публиката, и од критиката, истовремено ширејќи ја својата фан база.

„Репетитор“ свиреа бројни настапи низ целиот Балкан, се појавија на многу фестивали низ цела Европа (Sziget, Exit, Eurosonic, Pohoda, Europavox, Rock For People, Loftas, Stereoleto, INmusic, Waves Vienna, Botanique, и други), и дури во Кина и Москва.

„Репетитор“ верно го изработува нивниот звук кој е мешавина од хеви рокенрол, пост панк и се што е помеѓу. Тие испорачуваат песни од крос-жанровски екстази, спакувани во моќна, интелегентна игра на инструменти, вокали и препознатлив ѕид на звукот што го создаваат заедно“, стои во најавата за настанот.

Бендот ја претставува белградската гаражна алтернативна рок сцена, а притоа оставајќи белег во поглевјето во рок културат во регионот.

Локална поддршка е Anna O.

Почеток на настанот е од 22:30 часот. Влезот е слободен. Покровител е Општина Кочани во соработка со Аква Клуб – Кочани.