Реновирано диското и задниот двор во студентски дом „Кузман Јосифовски- Питу“

Младински образовен форум во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ поддржан од Фондацијата Отворено општество вчера ги отвори реновираното диското во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ и задниот дел од дворот на студентскиот дом.

Настанот започна во диското на студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“ во Скопје, а присутни беа програмскиот тим и тимот кој ги спроведуваше студентските акции, членови на МОФ, како и директорот на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје, Дарио Николовски.

Учество во студентската акција која се одржа од 1-ви до 18-ти јули 2019 година земаа членови на Младински образовен форум. Со оваа акција се работеше на уредување на просторот на постоечкото диско каде што студентите ќе можат да одржуваат свои забави, како и дворот во студентскиот дом во кој студентите ќе можат да го поминуваат своето слободно време.

Досега студентските акции се одржаа во студентскиот дом „Стив Наумов“ каде беа реновирани читалната и дворот на студентскиот дом, а покрај денешната акција во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, ќе се спроведе и акција во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во текот на месец јули 2019 година.

Целта на овие акции е да поттикнат студентски активизам и самоорганизирање за адресирање на проблемите кои ги засегаат студентите-станари и волонтерски ангажман за нивно решавање.