Реномираниот ансамбл од Русија „Квинтет на четворица“ вечерва во МОБ

Во Македонската опера и балет во недела, вечерва (1-ви ноември), ќе се одржи „Вечер на руска музика“ на млади македонски музичари, како и реномираниот ансамбл од Русија „Квинтет на четворица“ со солистката Олга Нефедова.

Ќе бидат исполнети класични дела од руската народна и академска музика.

Ансамблот „Квинтет од Четворица“ е формиран во 2009 година од студенти на факултетот за народни инструменти на Санктпетербуршкиот конзерваториум.

Музичарите од ансамблот постојано трагаат по својот звук и стил. Досега имале повеќе успешни настапи меѓу кои, во концертната сала на Мариинскиот театар, во Големата и во Малата сала на филхармонијата „Шостакович“, во Петербуршката капела, Театарот на естрадата „Рајкин“, во Академијата „Гнесини“ (Москва), во Центарот за музичка култура „Сергеј Рахманинов“ (Велики Новгород).