Реномирани џез музичари од САД со концерт на УГД

Факултетот за музичка уметност при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип подготвува концерт со реномирани џез музичари од Соединетите Американски Држави.

Реномирани џез музичари од UCLA со концерт на УГД

Концертот е во соработка со Универзитетот на Калифорнија – Лос Анџелес (UCLA), а ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД во вторник, на 6 мај. На концертот ќе настапат Џејмс Њутн – флејта, Дејвид Вилсон – саксофон, Зак Рамејсиер – труба, Масаи Марселин – тромбон, Јона Левин –тромбон, Кифер Шеклфорд – пијано, Форест Мичел – тапани, Ерик Шибоски – бас.

Концертот ќе започне во 20.30 часот, а влезот е слободен.

Како што информираат од штипскиот универзитет, на 5 и 6 мај, со почеток во 10 часот, гостите од САД ќе одржуваат и работилници во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип на кои се поканети сите заинтересирани студенти.