Рекордни 200 еко-активисти убиени во 2016

Никогаш не било посмртоносно да се протестира против корпорациите, во одбрана на природната средина. Рекорден број на 200 еколошки активисти биле убиени во 2016, додека протестирале против рударство, сеча на дрва и прекин на земјоделските активности, покажува истражување од Global Witness.

Невладината организација која ја истражува корупцијата и уништувањето на еколошката средина го следела бројот на луѓе кои починале бранејќи ја својата земја од разорнни активности, а во изминатите неколку години забележала рекорден број на смртни случаи.

Global Witness претходно ја прогласи 2015 година за „најсмртоносната година која ја памети“, поради убиството на 185 активисти во 16 држави – пораст од 59% во споредба со 2014 и највисока бројка откако групата почнала да собира податоци во 2002.

Во нејзиниот последен извештај, Defenders of the Earth, пишува дека речиси четири луѓе биле убиени секоја недела низ 24 држави минатата година, за време на протести за заштита на околината.

Бразил е најопасно место за активистите, со 49 пријавени убиства. Веднаш зад него е Колумбија, каде бројката е двојно поголема од претходната година, достигнувајќи 37 убиства, а во Филипините има 28.

 

Според извештајот, во Индија имало 16 убиства, што е за три пати повеќе од 2015, во Хондурас имало 14, а Никарагва имала 11. Таму активистите се противат на интер-океански канал, кој може да донесе масовно раселување на луѓето кои живеат на крајбрежјето, но и социјални немири.

Во Конго, 10 биле убиени кога голем број на ренџери кои ги бранат националните паркови биле во опасност од укинување.

Речиси 40 проценти од убиените се домородни луѓе, а 60 проценти се од Латинска Америка, покажува истражувањето.

Во Колумбија, на пример, нафтената индустрија е поддржана од владата и финансирана од интернационалните банки, но се соочува со силна опозиција од домородните заедници.

Во истражувањето, невладината ги предупредува владите и бизнисите низ светот дека „потфрлуваат во нивната должност да ги заштитат активистите кои се во ризик“.

„Дозволуваат ниво на неказнивост кое му овозможува на мнозинството на сторителите да шетаат на слобода, охрабрувајќи ги потенцијалните убијци. Инвеститорите, меѓу кои и инвестициските банки, го разгоруваат насилството и ги погазуваат човековите права“, тврдат.

Извештајот заклучува дека правото на здрава околина и правото да се учествува во јавниот живот и протест е меѓународно признаени човекови права, што значи дека владите треба да ги заштита под Декларацијата на човекови права на ОН.

Во извештајот, невладината ги повикува владите истите бројки да не се повторат во 2017 година и да им дадат гаранција на заедниците дека можат да прават слободен и информиран избор за тоа како нивните земја и ресурси се користат.