Рекорден пораст на јаглеродниот диоксид во атмосферата во 2016

Концентрацијата на јаглероден диоксид во атмосферата на Земјата пораснал до рекордна висина во 2016 година, според Светската метеоролошка организација.

Порастот минатата година бил 50% повисок од просекот во последните 10 години.

Истражувачите велат дека комбинација на човекови активности, како и климатскиот феномен Ел Нињо го довеле јаглеродниот диоксид до ниво кое не било забележано во последните 800.000 години.

Додаваат дека со тоа ризикот температурите да не можат да се контролираат станува преголем.

Истражувањето за производството на стакленички гасови за 2016 е спроведено од Светската метеоролошка организација, а се заснова на мерки направени во 51 земја. Станиците за истражување низ светот забележале концентрации на гасовите кои загреваат, како јаглерод диоксид, метан и азотен оксид.

Бројките објавени од СМО се тоа што останало во атмосферата откако огромни количини на гасови биле апсорбирани од „лавабоата“ на Земјата – океаните и биосферата.

Во 2016 имала просечна концентрација на CO2 во количина од 403,3 честички на милион, во споредба со 400 во 2015.

„Ова е најголемиот пораст кој сме го виделе во последните 30 години во кои го спроведуваме ова истражување“, вели Оксана Тарасова, дуректорка на програмата за набљудување на глобалната атмосферана СМО.

„Најголемиот пораст беше забележан после претходниот Ел Нињо, во 1997-1998. Тогаш беше 2,7 честички на милион, а сега е 3,3 честички на милион. Исто така, е 50% повисоко од просекот на последните десет години“.