Рекорден број починати – 26 и 978 нови случаи на Ковид-19 последново деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 978 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 2.667 направени тестирања.

Новите случаи по градови се регистрирани во: Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9,  Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.

Последново деноноќие регистрирани се и 26 починати лица, што е рекорден дневен број на починати од вирусот во земјава од почетокот на пандемијата. Станува збор за четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60 години), еден од Куманово (58), еден од Штип (83), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63), еден пациент од Струга (82), двајца од Велес (79 и 73), двајца од Битола (72 и 84), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57), еден од Гевгелија (87), еден од Струмица (67), еден од Кочани (70) и еден пациент од Делчево (49). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од: Скопје-9, Куманово-2, Штип-5, Битола-4, Кавадарци-1, Виница-1, Ресен-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 39.760, бројката на оздравени пациенти е 23.035, на починати е 1.136, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.

Министерството за здравство информира и дека:

На Инфективната клиника примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и  3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 19 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Направените 2667 теста се преку: ИЈЗ-1017, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-462, Биотек-254, МАНУ -214, Жан Митрев (Филип Втори) -170, Систина со PCR метода -319, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-26, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0,  лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.