Рекорден број на новозаразени – 317 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во последните 24 часа се потврдени 317 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 182 случаи во Скопје, 18 во Кочани, 13 во Штип, по 12 во Куманово, Гевгелија и Струмица, 11 во Гостивар, осум во Тетово, седум во Велес, шест во Битола, по пет во Прилеп и Радовиш, по четири во Кавадарци, Свети Николе и Кичево, по три во Дебар, Крива Паланка и Валандово, два во Делчево и по еден случај е регистриран во Охрид, Ресен и Неготино.

Институтот за јавно здравје регистрирал 104 оздравени пациенти, односно, Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.

Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починале четири лциа, односно, пациент од Скопје на 59 години, пациент од Струга на 65 години и двајца пациенти од Гостивар на 71 и 76 години.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 48 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.990 теста.