Рекламирањето од ТВ се сели на интернет

Американците оваа година ќе гледаат повеќе реклами на мобилните телефони и на интернет отколку на телевизорите, покажува истражувањето на пазарот на компанијата eMarketer, пренесува Макфакс.

Ова е прв пат рекламите поврзани за дигиталните медиуми да ги престигнат телевизиските реклами, а како главна причина се наведува тоа што корисниците се повеќе време минуваат прегледувајќи содржини на апарати како што се паметни телефони, таблети и компјутери.

Времето поминат пред компјутер и разни мобилни телефони би требало годинава да порасне за 16 отсто, од друга страна, времето поминато пред телевизори ќе се намали за три отсто.

Просечниот Американец, според резултати на истражувањето, дневно ќе помине по 5.09 часа пред различни апарати кои овозможуваат прегледување на дигиталните медиуми, додека пред телевизор ќе поминат во просек 4.31 час.

Во студијата се истакнува дека корисниците кои истовремено гледаат ТВ и прегледуваат содржини на таблет, подеднакво се присути во двете групи.

Иако во последните неколку години бележи мал пораст, годишниот буџет за онлајн рекламирање во Македонија е поразителен и се уште е меѓу најниските во Европa, неодамна објави Радио МОФ. Според истражувањето на Httpool Macedonia и Ipsos Strategic Puls, во 2012-та година во земјава биле потрошени околу два милиони евра на онлајн реклами.