Реклама на сингапурското министерство за образование става акцент на знаењето пред оценките

Образовниот систем на Сингапур е долго време критикуван дека многу повеќе ги вреднува оценките на учениците, отколку нивното реално знаење. Поради тоа, создаде реклама која промовира дека знаењето е многу поважно од оценката.

Рекламата ја раскажува вистинската приказна на ученичка и нејзината професорка, мадам Фуа.

Видеото прикажува како Фуа ѝ помогнала на Ширли со лошата оценка по географија. И ученичката и професорката сè уште контактираат, според рекламата.

Многу Сингапурци реагирале позитивно на Фесјбук, фалејќи ја позитивната порака која ја упатува министерството.