Река во Нов Зеланд ги доби истите права како човекот

По една од најдолгите судски битки во земјата, реката Фангануи на Северниот остров на Нов Зеланд, ќе биде третирана како човечко суштество во очите на законот.

Група од маорскиот народот познат и како Фангануи Иви со децении се борат нивниот однос со реката да биде признаен со закон.

Предлог-законот за признавање на реката, познат како Те Ава Тупуа, беше усвоен во средата, така што сега реката ќе ги има сите права, должности и обврски на едно правно лице. Таа може да биде претставена во судот.

„Знам дека на прв поглед, на некои луѓе им е прилично чудно што се даде правен карактер на природен ресурс”, изјави министерот за преговори на Нов Зеланд, Крис Финлајсон.

„Но, не е почудно од семејните фондови или компаниите, или инкорпорираните општества”.

Третата по големина река во земјата, ќе биде претставувана од еден член на Фангануи Иви и еден член на владата на Нов Зеланд.

„Тоа одговара на законот на Иви за реката Фангануи, која одамна е признат како Те Ава Тупуа преку своите традиции, обичаи и практика”, рече Финлајсон во соопштението.

„Ова законодавство ја препознава длабоката духовна врска меѓу предците на Фангануи Иви и нивната река, и создава силна платформа за иднината на реката Фангануи.”

Како дел од договорот, обезбеден е финансиски надомест од 56 милиони долари, а 21 милиони долари ќе бидат ставени во фондот за здравје и благосостојба.