Река од студенти се движи кон Влада – почна студентскиот протест

„Ние сакаме вистински реформи и реална дебата – стоп за лошите реформи“ , порачаа од бината пред Влада претставниците на Студентскиот пленум и замолија присутните да го зачуваат редот и мирот за време на протестот.

Река од студенти преку мостот „Гоце Делчев“ се движи кон Владата на третиот студентски протест со кој студентите уште еднаш кажуваат Не на најавите за воведување државен испит, јавуваат репортерите на Радио МОФ.

Пред Владата е поставена и бина на која според најавите од „Студентски пленум“ ќе има настап на повеќе музички групи, а таму ќе се држат говорите од присутните.

На студентите им се придружија и голем број професори. Полицијата ги обезбедува улиците.

Полиција