Регистрирани нови 984 случаи од ковид-19, починаа 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19.

Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.  Најмногу активни случаи има во Скопје – 10852, Гостивар 1105, Тетово 1071, Прилеп 1044.

Направените 2995 теста се преку: ИЈЗ-781, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-320, Биотек-245, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -168, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-55, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-65, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -779, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид -19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.