Преку соопштение, Министерството за здравство информира дека до изминатите 24 часа се регистрирани нови 18 случаи на коронавирус во државава, и тоа 11 во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово. Со ова, бројката на заболени до 12 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, пак, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје каде има 134 случаи, Дебар со 43 случаи, Куманово со 17, Штип со осум, Прилеп со шест, Охрид и Велес со три случаи, два во Кавадарци и Тетово и еден случај во Гостивар.
Вчера пак, министерот за здравство Венко Филипче најави дека од следната недела ќе почнат и мобилни тестирања за коронавирус, каде ќе бидат селектирани пошироки групи на граѓани, согласно мислењето на епидемиолозите.
На територијата на државата од 18 март веќе е прогласена вонредна состојба, а неколку денови веќе контиунирано се спроведува полициски час кој трае од 21 до 5 часот. Дополнително донесена е одлука за рестрикција на движењето за граѓаните над 67 години за кои е забрането движење од 11 па се до 5 часот, но и за младите до 18 години за кои полицискиот час почнува во 21, а завршува во 12 часот наредниот ден.
Пред два дена, донесена е одлука и за проширување на полицискиот час за време на викендот каде тој ќе започнува во 16 часот.