Регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19, при направени 5.759 тестирања.

Нема починати лица, а оздравени се 9 пациенти.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.