Регистрирани 365 нови случаи на Ковид 19, пријавени се 23 починати лица

Денес се регистрирани 365 нови случаи на Ковид 19, a пријавени се 23 починати лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови. Притоа, 8 починати лица се од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г, и 60г), 3 починати лица од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 починати лица од Куманово (75г, и 63г), и Кавадарци (72г, и 65г), по едно починато лице од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г).

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес – по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 551 оздравен пациент. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052. Најмногу активни случаи има во Скопје 5833, Тетово 1016 и Куманово 914.