Регистрирани 36 нови случаи на Ковид 19, од кои 15 во Куманово

Денеска се регистрирани 36 нови случаи на Ковид 19 информираше Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Така, во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на КОВИД-19:
Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.569 тестови преку: ИЈЗ-78, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-286, Биотек-139, Систина-73, лабораторија Лаор-229, Синлаб-23, Ремедика-13, Плодност–22, Генеа–9, Никоб лаб-672, ВФВ Медикал-56, Ели Медика-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.666.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје 97, Тетово 81, Куманово 29 и Гостивар 19.