Регистрирани 357 нови случаи на ковид 19, починати се 18 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6.

Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 689 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43, Тетово-27, Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Виница-1, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3 и Неготино-16.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979. Најмногу активни случаи има во Скопје, 11 822 по што следат Тетово со 997 и Прилеп со 854.

Направените 1387 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-220, Биотек-130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-18, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -59, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања на Ковид -19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 738 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 40 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 87 во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациенти, во Кочани 24 во Кичево 19, Кавадарци 52, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1217 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.