Регистрирани 1.031 нови случаи на Ковид 19, починати се 20 лицa

Денеска се регистрирани 1.031 нови случаи на Ковид 19, а починати се 20 лицa. 

Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 241 оздравен пациент од: Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

Направени се 4.373 тестови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.