Регионалната конференција „Spark.me“ со голем попуст за граѓанските здруженија

spark-me-logoЕкспертот за друштвени медиуми Рамон Делеон, професорот Касаријан, активистот Питер Сунде, се само дел од говорниците кои годинава ќе настапат на регионалната конференција Spark.me, што ќе се одржи од 31 мај до 1 јуни во Бечиќи, Црна Гора.

Радио МОФ, како медиумски поддржувач на конференцијата, го најавува големиот попуст кој годинава организаторите на една од најдобрите регионални конференции го обезбедуваат за граѓанските здруженија од Македонија.

*Попустот за македонските организации е наведен на крајот од текстот*

Spark.me е регионална конференција на која на едно место, во опуштена но инспиративна атмосфера на неколку чекори до морето, ги собира луѓето кои сакаат да дознаат повеќе за технологиите и иновациите, без оглед на тоа што доаѓаат од компаниите, од државниот или од невладиниот сектор.

Оваа година, ќе се одржи по трети пат од 31 мај до 01 јуни 2015 година во хотел Медитеран во Бечиќи, под организаторска палка на компанијата doMen d.o.o , агент за регистрација национално .ME domena.

Станува збор за интерактивна конференција која е дизајнирана да ја ослободи креативноста на учесниците, да им овозможи да го унапредат своето знаење благодарение на меѓународно признаени говорници-предавачи, како и да ги поттикне да ги унапредат своето работење и сами да измислат нови идеи и да започнат да работат на нив.

Предавачи кои го потврдиле своето учество се :

Рамон Делеон експрет за друштвени медиуми од Чикаго. Делеон е пионир кога станува збор за онлајн продажба и употреба на интернет со цел подобрување на работата. Како интернет маркетинг менаџер ја зголемил продажбата за 50% во шест Domino`s Pizza локали и допринел за создавање на бизнис од кој годишно се заработува околу 7 милиони долари. Поради големото искуство и енергијата со која зрачи на сцената, е баран да предава ширум светот. Предавал на разни случувања како што се INBOUND во Бостон, CMO Asia Summit во Кина, TechCrunch во Рим, LeWeb во Париз и ad:tech во Сиднеј.

Ј.Б.М. Касаријан е еден од најпризнатите светски стручњаци во областа на лидерството и управување со промените. Касаријан е професор по менаџмент на Babson College (Бостон, САД) и професор по емеритус на работната школа IMD (Лозана, Швајцарија). Претходно бил професор на Hardvard Business School (Бостон, САД), кога помеѓу другото работел и на воспоставување на работна школа под оваа во Иран и на Филипините. Бил ангажиран и како консултант на повеќе приватни и јавни организации во Северна и Јужна Америка, Европа, Блискиот Исток и Азија, посебно во областите управување со промени, стратегиско реструктурирање и изградба на тимови здружени за стратегиско управување.

Петар Сунде, скандинавски хакер/активист кој работи на проекти кои имаат потенцијал да го променат друштвото. Особено го интересираат прашањата за авторските права во дигиталното време, приватноста на интернет и слободата на информациите. Сунде е најпознат како коосновач на The Pirate Bay, шведски веб сајт кој индексира БитТорент фалјови а чиј слоган е „Најотпорен БитТорент сајт на светот“ (подоцна променет во „Најоптпорен БитТорент сајт на галаксијата“). Сунде својата борба против системот и центарот на моќ ја објаснил како : „Денешниот режим кој заговара заштита на авторските права, пробува да го оспори дигиталниот дух. Единствено слободниот пристап кон информации и знаењето можат да го унапредат нашето друштво.“ Сунде исто така е и коосновач на Flattr, првиот вистински сервис за микроплаќање, микродонација како и коосновач на Heml.is Messenger, дисруптивна, анонимна апликација за размена на шифрирани пораки преку интернет.

Марвин Лиао, партнер во една од најпознатите американски стартап акцелатори, 500 Startups од Сицилјумската долина. Поминал 10 години во еден од најпопуларните сајтови на светот, Yahoo!, каде стекнал драгоцено искуство работејќи во различни сектори, од продажба преку развој, до маркетинг. Лиао е член на одборот на директори и советодавниот одбор на бројни технолошки компании, а ангажиран е и како ментор во неколку стартап акцелаторски програми во Европа, Азија, Израел и САД.

Тимо Вуоренсола, филмски режисер од Финска. На својот првенец „Star Wreck: In The Pirkinning“, работел цели седум години а филмот во меѓувреме постигна врвен статус и е симнат преку 8 милиони пати од официјални торенти. Неговиот втор филм, научно-фантастична комедија под името „Iron Sky“, не води низ приказната за нацистите кои доаѓаат на земјата од темната страна на месечината. Вуоренсола моментално работи на продолжение на овој филм, а премиерата се најавува во 2017 година. Сите свои филмови ги финансира преку crowdfunding. Вуоренсола исто така режира и кратки филмови, музички спотови и реклами. Секогаш е заинтересиран за пронаоѓање на нови начини за работа во филмската индустрија и верува дека интернетот може да овозможи бројни занимливи можности кои можат да се заменат со традицоналните модели на продукција.

Тина Тајгесен, претприемачка и иноваторка, една од основачите на стартап платформата Everplaces, каде до ноември 2014 година беше и извршен директор. Основач и водич е на четири технолошки компании, а била член на одбор на голем број претприемачки организации. Една од 10те најдобри европски предавачи во областа на технологијата, според изборот на компанијата Bizzabo. Организацијата Girls in Tech ја избрала во топ 100 жени во Европа во областа на технологијата. Тајгесен има 10 годишно меѓународно искуство во создавање нови производи во технолошката индустрија, живеела во шест држави а работела во 15 земји.

Стели Ефти коосновач и извршен директор на Close.io компанијата која нуди платформа за мали и големи претпријатија за управување на односот со клиентите во областа на продажбата. Close.io помина преку програмата на познатиот стартап акцелератор и инкубатор од Калифорнија, Y Combinator. Ефти е многу амбициозен, силен и снаодлив лик и важи за еден од главните мајстори за продажба во Сицилјумската долина. Советник е на голем број стартап платформи и претпријатиа, а помогнал и во развојот на повеќе од 200 стартап платформи.

Организаторите на Spark.me најавуваат постепено откривање и на останатите големи имиња на меѓународни предавачи кои и овојпат ќе го делат своето знаење и искуство, а ќе зборуваат и за начините за пронаоѓање на својата искра на инспирација која ги донела до успехот кој го постигнале.

Цени на карти и специјална понуда

Целосната карта за #Spark.me конференцијата изнесува 250 евра, но до 30 април картите можат да се купат со попуст на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, за 150 евра. Цените на картите вклучуваат целосен пристап на сите предавања во текот на двата дена од конференцијата, ручек во хотел Медитеран на база на шведска маса и во двата дена, освежување за време на кафе паузата и во двата дена, како и коктел прием на првата вечер од конференцијата. Цената на картите не вклучува превоз и сместување.

Меѓутоа, доколку сте граѓанско здружение од Македонија кое сака да учествува на конференцијата добивате специјален попуст од 50%, што значи 75 евра по лице доколку се пријавите најдоцна до 30 април. За сите граѓански здруженија кои сакаат да ја искористат оваа можност и да добијат купон за попуст, ќе треба се пријават со испраќање мејл до Радио МОФ , на е-пошта Sparkme.radiomof@gmail.com. Пораката треба да ги содржи основните информации за граѓанското здружение, лице за контакт, како и бројот на потребни билети за своите членови.