Регионална високообразовна конференција на УЈИЕ: Повик за трудови и постери

На 20 јуни, Универзитет на Југоисточна Европа ќе биде домаќин на втората Регионална високообразовна конференција- Квалитет на оценување, квалификации и евалвација на високото образование, во чии рамки се распишани повик за трудови и повик за постери кои треба да ги креираат студентите.

Универзитет на Југоисточна Европа

 Повик за трудови

Во повикот се посочува дека предлозите треба да се однесуваат на некоја од следните теми:

Оценување на студентите (Употреба на резултатите од учењето во оценувањето;Оценување на почетокот и на крајот;Континуирано оценување;Оценување базирано на работа;Валидност и добра пракса која одговара на целта;Вклучување на студентите во дизајнот на оценувањето/имплементација; Политика за оценување и имплементација)

Квалификација за студенти (Квалификации за студентите/ дипломи и пријавување на пазарот на трудот; Мобилност /олеснување на трансферот на квалификации (incoming/outgoing…); Професионални квалификации, на пр. сметководител, библиотекар; Вработување, потреби на пазарот на трудот, процесот на вработување; Стажирање, искуство за практична работа и клиничка настава).

Процеси и структури на евалвација (Национални и меѓународни процеси на евалвација / надворешно ревидирање на програмите; Институционални механизми за обезбедување квалитет; Правни барања за евалвација на квалитетот – влијание; Стандарди на меѓународните тела; Самоевалвација; Системи за рангирање )

Апстрактот треба да има најмногу до 300 збора, вклучуваќи: наслов, автор(и), и-мејл, апстракт, адреса и 5 клучни зборови, додека темата и апстрактот треба да се достават на два јазика (албански или македонски и англиски).

Крајниот рок за приложување на апстрактот на е-пошта на Конференцијата, conference@seeu.edu.mk е недела, 13 март.

Презентации од Конференцијата – треба да се испратат нае-поштата на Конференцијата до недела, 15 јуни. Се користи форматот на Конференцијата кој ќе биде приложен на веб-страницата. Презентациите не треба да бидат подолги од 15 минути и можат да бидат на албански, македонски или на англиски јазик. Ако презентацијата е на албански или на македонски, слајдовите или другата визуелна презентација треба да бидат на англиски.

Комплетен труд за публикација – треба да се испрати на е-пошта на адресата на Конференцијата до петок, 26.09.2014. Целокупниот труд треба да биде меѓу 3.000 – 5.000 збора, фонт Калибри, големина на букви 12, проред 1.5, со подредени маргини и напишан на англиски јазик. Комплетните трудови треба да го користат форматот за цитирање и наведување на користена литература АПА.

Повик за пријавување постери

Со овој повик се покануваат студенти од различни универзитети да креираат академски постери (во мали групи) на некоја од темите на Конференцијата за да ги презентираат и за да ги дискутираат за време на Конференцијата. Тие исто така можат да бидат известувачи од Конференциските сесии и да обезбедат нивно резиме за време на пленарните дискусии, како и са се пријават за учество и да присуствуваат на Конференцијата.

Постерите можат да бидат на еден или повеќе јазици, албански, македонски, англиски, но презентерите треба да бидат во можност да дадат објаснување на најмалку два од овие три јазика. Студентите кои презентираат свои постери треба да бидат на располагање за време на паузите како и за време на ручекот, а самите постери да бидат во големина А1 (приближно 600мм со 800 мм).

Постерите исто така треба да содржат наслов на темата, имиња на авторите и од кој универзитет доаѓаат, хипотеза (главна идеја или идеи), начин на кој се добиени податоците (пр. студентски прашалници, интервјуа, проверка на податоци), резултати од истражувањето, заклучоци и препораки.

Студентите треба да ги креираат постерите на јасен и добро организиран начин кој ќе привлече внимание и можат да вклучат наслови, графикони, табели и сл. за да ја демонстрираат темата. УЈИЕ ќе помогне при изработката на конечниот дизајн како и со печатењето, за да се добие краен резултат со висок квалитет.

Краен рок за пријавување на првичните верзии на постерите на и-мејлот на Универзитетот е петок, 30 мај, а за пријавување на конечната верзија за печатење е петок, 6 јуни.

Сите дополнителни информации може да се најдат на веб сајтот на Конференцијата.

Повикот за трудови и постери на албански јазик може да се преземе во продолжение:

Thirrje për posterët e studentëveThirrje publike për punime