Регионална конференција: Сеќавање на еден град: Микроутопии и стварности

Денеска и утре (22 и 23 ноември) во клубот ГЕМ во Скопје ќе се одржи регионалната конференција насловена „Сеќавање на еден град: Микроутопии и стварности“, според концептот на Филип Јовановски и Ивана Васева.

Регионална конференција: Сеќавање на еден град: Микроутопии и стварности

Гости – предавачи на конференцијата ќе бидат Никола Наумоски (Македонија), Теодор Целакоски (Хрватска), Тадеј Курепа (Србија), Максим Наумовски и Оливер Илиевски (Македонија), Васко Лазаревски (Македонија), Ивана Драгшиќ (Македонија), Иницијатива Кооперација (Македонија), Борис Бакал (Хрватска), Немања Цвијановиќ (Хрватска), Елена Вељановска (Македонија), Никола Гелевски (Македонија), Катерина Колозова (Македонија), Горан Јанев (Македонија), Артан Садику (Македонија), Зоран Петровски (Македонија), Славен Тољ (Хрватска), Искра Гешоска (Македонија), Никола Писарев (Македонија), Дина Јокановиќ (Хрватска), Ирена Цветковиќ (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Кочо Андоновски (Македонија).

Овој проект се надоврзува на настанот „Сеќавање на еден град“ составен од две јавни дикусии и работилница одржани во НУ Центар за култура – Битола, во јануари, оваа година.

Проектот е во организација на партнерските организации : Факултет за работи што не се учат (ФРУ) во соработка со Shadow Casters -Загреб и е поддржан од Фондацијата Отворено Оштество Македонија (ФООМ) со поддршка на програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства.

Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк.