Регионална конференција за луѓето кои мигрираат по Западно-балканската рута

Во организација на непрофитната хуманитарна организација „Легис“, денеска и утре ќе се одржи прва регионална конференција за предизвиците на луѓето кои мигрираат преку рутата на Западен Балкан во хотелот Елит Плаза

Конференцијата ќе биде поделена во 4 под-теми со панел- дискусии на кои ќе се разговара за правните и хуманитарните проблеми како и повреди на човекови права со кои се соочија луѓето кои транзитираа или побараа заштита во некоја од државите на Балканската рута.

Говорниците во предвидените панел- дискусии се претставници на невладини организации и неформални групи од Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Австрија и Франција, потоа, претставници на владини институции, независни механизми за заштита на човекови права и претставници на меѓународни организации.  Целта на дводневниот настан е да понуди одговор на главната тема: Минато, сегашност и иднина: Со какви предизвици се соочуваат луѓето кои мигрираат преку таканаречената рута на Западен Балкан?

Организаторите најавуваат дека во дискусијата ќе бидат вклучени и засегнатите страни, преку видео сведочења на луѓе кои транзитирале по Западно-балканската рута.

Целосната агенда можете да ја погледнете на следниов линк.

Конференцијата „Легис“ ја организира во соработка со Мултикултурниот Центар од Виена, Австрија и други партнерски организации, а со поддршка на Централната Европска Иницијатива и програмата „Европа за граѓаните“ на Европската Унија.