Реге-журка во Скопје по повод 70 години од раѓањето на Боб Марли

Домашните почитувачи на реге-музиката вечерва ќе ја одбележат 70 годишнината од раѓањето на Боб Марли на тој начин што подготвуваат голема реге-журка до раните утрински часови во скопскиот клуб „Блок 20“, со почеток во 22 часот.

На оваа голема целовечерна забава свое учество ќе земат два македонски бенда – кавер-бендот „Коноп“, кој ќе настапува со обработки од песните на Боб Марли, и „Пука Бенд Брука“, кои ќе презентираат авторска реге-музика.

Ќе има и повеќе реге- селектори и диџеи од Скопје, но и од другите градови од Македонија, ќе селектираат песни од големиот опус на познатиот Марли, но ќе пуштаат и реге-музика од нејзините почетоци во седумдесеттите години на Јамајка до денес – Регесаурус Гето Руди, диџеј Чарли, Мембаквин Мел, Панки Растаман, Коза, Базер и Жолтиман.

Денот на раѓањето и смртта на Боб Марли се одбележуваат насекаде низ светот, а Македонија е само една од земјите што на скромен начин му оддаваат почит на овој голем познат светски уметник музичар и борец за човековите права и слобода. Влезниците за забавата се 100 денари.

Reggaeneracija S02E40 by Radio Mof Music on Mixcloud