Реформите во образованието ги бркаат странските студенти од Шведска

Бројот на странски студенти во Шведска драстично се намали од воведувањето на реформите со кои се укина бесплатното високо образование за странците, спроведени во рамки на економските мерки за штедење.

Реформите во образованието ги бркаат странските студенти од Шведска

Според официјалните податоци, во моментот во Шведска има околу 1.600 странски студенти, што е за 80 проценти помалку во однос на 2011 година, кога беше укинато бесплатното високо образовение. Воведувањето на оваа мерка најмногу ги погоди студентите од државите кои не се членки на ЕУ и кои немаат договори за студентска размена со Шведска, пренесува МИА.

До 2012 година Шведска беше меѓу државите која нудеше бесплатно високо образование за сите студенти независно од нивното државјанство, тоа претставуваше товар за шведските даночни обврзници поради што властите се решија да го укинат бесплатното студирање.

За возврат на трошоците за студирање Шведска почна да доделува студентски кредити и стипендии за странските студенти, за што државата годишно издвојува 160 милиони круни (над 18 милини евра).

Според извештај на Бостонската консултанска група, објавен во јануари годинава, само 17 проценти од странските студенти остануваат во Шветска по дипломирањето. Вака нискиот процент се должи на законската одредба која предвидува дека дипломците мораат да ја напуштат Шведска, доколку не се вработат во рок од десет дена по дипломирањето.