Референдумот ќе се одржи на 26 април, граѓаните на Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ

Граѓаните ќе одлучат за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје, на референдум кој општината Центар ќе го спроведе на 26 април. Одлуката ја донесе Советот на Општина Центар со 12 гласа „за“ и 11 воздржани. За референдум гласаа советниците од СДСМ и коалицијата, додека опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше воздржана.

Прашањето на кое граѓаните ќе треба да дадат одговор ќе гласи: „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ?“. На седницата на Советот на општина Центар присуствуваа претставници на 17 невладини организации, на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и заинтересирани граѓани. По жестоката и бурна дискусија, се гласаше, а веднаш по гласањето беше побарано советниците поединечно да се изјаснат.

Градоначалникот Андреј Жерновски рече дека ова е историски момент за Општина Центар и пресврт во демократското одлучување на граѓаните:

За време на седницата, пред општинските бараки се собраа стотина граѓани и претставници од граѓански здруженија, меѓу кои и „Го сакам ГТЦ“, кои им изразија поддршка на советниците едногласно да донесат одлука за распишување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за тоа дали ГТЦ треба да добие барокен изглед или да го задржи автентичниот изглед.

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

Марија Тодоровска од „Го сакам ГТЦ“, рече дека не треба сите градби во центарот на Скопје да бидат „облечени“ во барок, а посебно не ГТЦ, за кој сите не врзуваат емоции:

„Архитектот Живко Поповски се трудел, го проектирал ГТЦ, работел и бил награден за архитектонското решение и самиот бил во надзорот на изградбата на објектот. И сега некој едноставно, само така, ќе го избрише неговото дело, тоа е недозволиво“, рече Цвета Георгиева, економист и претставник на Здружението „Го сакам ГТЦ“

Градскиот трговски центар е изграден во 1971 година

Градскиот трговски центар е изграден во 1971 година

Зад иницијативата да се сочува автентичниот изглед на ГТЦ во изминатиот период застанаа неколку институции, како и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а беше одржан и протест на кој граѓаните симболично го „гушнаа“ Градскиот трговски центар. На петицијата за зачувување на сегашниот изглед на ГТЦ се потпишаа близу 5.000 луѓе.