Редизајнирани логоа покажуваат колку калории содржат познатите производи

Инстаграм профилот насловен како „Calorie Brands“ одлучи да редизајнира познати производи за да го прикаже точниот износ на калории што ги содржат. Според „Calorie Brands“, вака треба да изгледаат брендовите за да им помогнат на луѓето да го одржуваат своето тело. Просечната граница за возрасни жени е речиси 1940 калории, а за мажи е 2250 калории дневно.