„Редит“ заедниците „згаснуваат“ протестирајќи против дезинформациите

Некои од најголемите „сабредитс“ од јавни преминаа во приватни, бидејќи „Редит“ не се бори со дезинформациите, пренесува „Гардијан“.

„Редит“ се соочува со бунт од страна на корисниците, кои на онлајн форумот се жалат дека платфомата не се бори против дезинформациите околу Ковид-19 и вакцините.

Над 135 „Редит“ заедници, односно „сабредитс“ станаа приватни, што значи дека нерегистрираните корисници на платформата не можат да пристапат до приватните содржини на форумот. Ова е протест на регистрираните корисници бидејќи „Редит“ не ги затворил дискусиите во кои се шират теории на заговор за пандемијата. Приватни станале едни од најголемите соби за дискусија односно „r/Futurology“, „r/TIFU“, два „сабредита“ кои одделно имаат по 10 милиони корисници.

Една од пораките во „r/Futurology“ вели дека „луѓето умираат поради дезинформации“ поврзани со коронавирусот.

„„Futurology“ стана приватен „сабредит“ бидејќи протестираме против неажурноста на „Редит“ кога станува збор за дезинформации околу коронавирусот. Оружените дезинформации е клучен проблем на нашата иднина. „Редит“ не воведува никакви мерки против ширењето на дезинформациите и спамот“, се вели во пораката.

Бранејќи го пристапот на платформата, извршниот директор на „Редит“, Стив Хафман, објавил дека сајтот е место за отворена и автентична дискусија.

„Дисидентството е дел од „Редит“ и темел на демократијата. „Редит“ е место за отворена и автентична дискусија и дебата. Ова вклучува разговори кои не се согласуваат и го ставаат на тест популарниот консензус“, напишал Хафман.

„Сабредитот“ „r/PokemonGo“ во кои се вклучени лица кои ја играат популарната виртуелна игра, исто така стана приватен, а според објавеното соопштение, „сабредитот“ ќе остане приватен додека „Редит“ не преземе нешто против дезинформациите околку коронавирусот. Истовремено, во соопштението било истакнато дека ваквата одлука е донесена бидејќи Ковид директно влијае врз играта, која се игра на отворено, заедно со други луѓе.