Reddit забранува корисници кои објавуваат „спојлери“ за Star Wars

Волонтерите модератори на сајтот Reddit се трудат никој од нејзините корисници да не дознаат ништо за новиот Star Wars филм пред да го гледаат, преку бришење на „спојлери“.

До генералната премиера на Star Wars: The Force Awakens во САД има уште еден ден, но многу обожаватели на франшизата низ светот веќе го изгледаа филмот и „злобно“ објавуваат податоци за него на Reddit.

Откако било објавено општо предупредување за да се спречат „спојлери“ од корисниците на сајтот, започнала битката.

„Забранивме десетина корисници досега од оваа причина“, напишал корисникот TheGreatZiegfeld на платформата. „Мислам дека на модераторите филмот им е веќе расипан. Ќе направиме сé од себе за и другите да не ја доживеат истата судбина“.

Не е познато дали на корисниците ќе им бидат вратени профилите, но ако се решени да им го уништат искуството на другите корисници, можат да отворат нови.

Извор: The Next Web